19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо новата сезона „кнезовите“ ќе ги предводи Жардим

Во новата сезона „кнезовите“ ќе ги предводи Жардим

zardim

Тимот на Монако речиси сигурно од следната сезона ќе биде воден од Португалецот Леонардо Жардим, соопштува весникот „L’Equipe“.

Актуелниот тренер на Спортинг Лисабон се договорил со „кнезовите“ да потпише договор за две плус една година. Двата клуба пак синоќа постигнаа договор Французите да платат пет милиони евра како трансферна сума.

Се очекува назначувањето да биде официјално објавено по крајот на шампионатот на Лига 1 во саботата и соодветно досегашниот тренер на Монако, Клаудио Раниери да биде ослободен од функцијата.

Доаѓањето на Жардим е поврзано со агентот Хорхе Мендеш, кој веќе реализираше поголем број од трансферите на клубот – Радамел Фалкао, Жоао Моутињо, Џејмс Родригез, Рикардо Карваљо.

Освен на Спортинг 39-годишниот специјалист бил на чело уште на Олимпијакос, Брага, Беира-Мар, Шавеш и Камачо. Во оваа сезона Жардим го пласираше тимот во групната фаза од Лигата на шампионите, завршувајќи на второто место по шампионот Бенфика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП