15 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ Луксузот во Tanjong Jara Resort во Малезија (фото)

Луксузот во Tanjong Jara Resort во Малезија (фото)

tajh1

Покрај својата прекрасна архитектура и бујната природна околина, прекрасно уреденото зеленило, „Tanjong Jara Resort“ пред себе ги има мирните, смарагдни води на јужнокинеското море.

Комплексот ви ја прикажува античката малезиска традиција во својата типична малезиска архитектура и атмосфера која раскажува приказни сама по себе. Палатите од седумнаесетиот век се фантастични места на кои можете да наидете, и тие ја рефлектираат елеганцијата и гламурот од таа ера.

Главната филозофија на овој комплекс се базира на малезискиот концепт кој се нарекува Сицимурни, кој ја нагласува чистотата на духот, добрината и здравјето и го охрабрува подмладувањето на нашите материјални и спиритуални страни.

Официјалниот опис вели: „Автентичен по архитектурата и ставот, секогаш топол и гостопримлив, ова е опкружување каде се релаксирате, длабоко одморате и си давате себеси време да ја пронајдете својата внатрешна личност, семеjството или пријателите. Додека уживате во мирот, персоналот кој потекнува од околните села се обидува да ви го пренесе стариот дух и наследството на малезиската топлина и гостопримство“.

На ова место има многу нови работи кои можете да ги доживеете – од култура до просветлување, од енергија до забава на отворено, од регенерација до уживање и од мрзеливост до апсолутен мир. Целосно од вас зависи на што ќе се посветите, дали ќе отидете на пливање или ќе лежите на топлото малезиско сонце. Многу задоволство е нешто што сигурно ве очекува во овој песочен рај.

tajh2

tajh3

tajh4

tajh5

tajh6

tajh7

tajh8

tajh9

tajh10

tajh11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП