6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Д3 банк“: Грчкиот долг би можел да биде намален за 78 милијарди...

„Д3 банк“: Грчкиот долг би можел да биде намален за 78 милијарди евра

greec

Евентуално решение за намалување на каматите и за продолжување на рокот од 30 на 50 години за отплата на кредитите што еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд и ги дадоа на Грција, би можело да доведе до намалување на грчкиот долг за 78 милијарди евра, се наведува во анализа на германската „Д3 банк“.

Во истражувањето објавено во „Зидојче цајтунг“ се посочува дека ако има ново „кастрење“ на грчкиот долг, сумата ќе биде намалена за 40 проценти.

Весникот наведува дека од 215 милијарди евра помош што ги доби Атина досега, 55 милијарди евра биле на германските даночни обврзници. Со следното намалување на грчкиот долг можни се загуби и од 22 милијарди евра за германската држава.

„Точната сума е прашање на интерпретација, истакнува „Зидојче цајтунг“, додавајќи оти цената за Германија ќе биде двоцифрена бројка во милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП