10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPrisa повторно забележа загуба

Prisa повторно забележа загуба

Spanish-media-giant-Prisa-006

Шпанската медиумска компанија „Prisa“, која е сопственик на најпродаваниот дневник „El Pais“, пријави нова загуба од 48 милиони евра во првиот квартал од оваа година.

Компанијата минатата недела продаде 56 проценти од уделот во телефонската платформа „Digital Plus“ на шпанскиот телекомуникациски гигант „Telefonica“ за 725 милиони евра.

„Prisa“ пријави загуба од 47,57 милиони евра во првиот квартал од оваа година, по загубата од 12 милиони евра во истиот период минатата година и вкупната загуба од 649 милиони евра во целата година.

Шпанските медиумски компании тешко се погодени од повеќегодишната рецесија, особено поради падот на приходите од рекламирањето.

„Prisa“ наведува дека приходите од рекламите во цела Шпанија во првиот квартал се намалени за 5,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП