2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Seven Mile Resort & Spa (фото)

Луксузниот Seven Mile Resort & Spa (фото)

sev1

Посетете го новиот луксузен „Westin Grand Cayman Seven Mile Beach Resort & Spa“ и едноставно опуштете се…

Истражете ги прекрасните Кајмански Острови во рeновираниот „Westin Grand Cayman Seven Mile Beach Resort & Spa“, ултимативна дестинација за сите кои имаат авантуристички дух, но и некој денар повеќе.

По реновирањето кое чинеше неколку милиони долари, хотелот е претворен во ново сетилно искуство кое ќе го поттикне вашето здравје и енергија. Во внатрешноста, прекрасното лоби со свежо бојадисаните столбови и таван ќе ве потикне да се опуштите.

Во близината на резортот, гостите можат да уживаат во големиот базен со пловен бар или во различните активности во вода кои ги има во понудата.

Гостите овде можат да изнајмат скутер, да посетат нуркање или едноставно можат да се опуштат на долгата и песочна плажа „Seven Mile“.

Надградениот ресторан покрај интернационалната и морска храна нуди и многу луксузни специјалитети. Во резервацијата се вклучени и спа третмани кои ќе ја вратат вашата свежина, ќе го поттикнат задоволството во вас и ќе направат да се чувствувате здраво и освежено. Масажите со чоколадо, какао, шеа путер и луксузната масажа со алги ќе го подигнат нивото на среќа во вас.

Околу базенот на кој можете да се релаксирате покрај големиот број на палми, можете да вкусите и неколку видови на екстремно квалитетни коктели.

Внатрешноста на собите и луксузните апартмани која сега исто така е реновирана ќе ве магепса со својот нов стил и комодитет.

Погледнете ги прекрасните фотографии и доколку имате пари не се двоумете, посетете го ова место, една ноќ во овој хотел ќе ве чини 495 американски долари.

sev2

sev4

sev5

sev6

sev7

sev8

sev9

sev10

sev11

sev12

sev13

sev14

sev15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП