29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедењето во ЕУ ги турка децата во сиромаштија

Штедењето во ЕУ ги турка децата во сиромаштија

deci1

Речиси една третина од децата во Грција, Ирска, Португалија, Италија и Шпанија е доведена до работ на сиромаштијата поради мерките за штедење кои ги спроведуваат земјите во кои живеат.

Добротворната организација „Каритас“ предупредува дека се создава генерација на лошо одгледувани и хранети млади луѓе со слаби изгледи дека еден ден ќе најдат работа.

„Тоа би можело да биде рецепт не за една, туку за неколку изгубени генерации во Европа“, предупреди „Каритас“.

Зголемувањето на бројот на деца на работ на сиромаштијата во наведените пет земји се совпаѓа со глобалната финансиска криза – започна во 2008 година и продолжи се до 2010 година, а за минатата година сеуште нема статистички обработени податоци.

„Каритас“ за овој тренд го обвини намалувањето на социјалните бенифиции, како и бенифициите за невработени, со истовремено зголемување на данокот на додадена вредност и зголемувањето на даноците за гориво.

Децата на раб од сиромаштијата се оние чии семејства живеат со приходи кои се помали од 60 проценти од просечните приходи во нивната земја, или оние деца чии родители немаат работа, или работат со скратено работно време со намалени приходи, и за овие деца се смета дека им недостасуваат основните работи, како што е редовната исхрана со доволно протеини, гардеробата или греењето.

Податоците на Европската комисија укажуваат дека во 2011 година во Шпанија и Грција на работ на сиромаштијата биле повеќе од 30 проценти од децата, а во Португалија 28,6 проценти.

За Ирска и Италија нема податоци за 2011, но во 2010 во Ирска на раб на сиромаштијата биле 27,6 проценти од децата, а во Италија 28,9 проценти.

„Каритас“ апелира до властите на ЕУ да се запрашаат кон што води оваа политика.

Истражувањата покажуваат дека децата од сиромашните семејства најчесто не се успешни во училиштето, тешко наоѓаат работа, а и кога ќе ја најдат тешко ја задржуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП