„Constance Halaveli Resort“ на Малдивите е едно од оние места каде заборавате на сите проблеми и имате најубав одмор…
Нудејќи им на гостите луксузен островски одмор, хотелот во понудата има поставено вили со приватни базени. Исто така има и целосни спа и ресторански услуги, опции за луксузни специјалитети и тениски терени.
Со неверојатни подови направени од тешко дрво и совршено изработен мебел, вилите со отворен концепт ви пружаат можност за неверојатен поглед на околната лагуна. Секоја добро опремена вила има предост како што е flet screen TV, iPod и Wi-Fi пристап.
За да се релаксираат, гостите можат да уживаат во масажите на спа центарот, или да одат на рибарски или нуркачки патувања. Доколку редовно вежбате, не морате да правите пауза, бидејќи овој хотел има и совршено опремен фитнес центар. „Jahaz“ ресторанот сервира интернационална храна и е достапен за доручек и вечера. Другите опции за храна се „Meer“ со свежа морска храна и „Jing“ со азиска храна.
Луксузниот хотел се наоѓа на 35 минути возење со авион и 75 минутно возење со кола од Малеа.
Погледнете ги прекрасните фотографии…