3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛоши резултати за Puma

Лоши резултати за Puma

puma-interior-style

Германскиот производител на спортска опрема „Puma“ во првиот квартал од оваа година оствари 725,7 милиони евра приход, со пад од 7,1 проценти на годишно ниво.

Компанијата ја намали прогнозата за оперативната маржа за 2014-та година, поради тоа што очекуваат нестабилност на девизните курсеви.

Истовремено, оперативниот профит е намален за 26 проценти или на 58.6 милиони евра. Аналитичарите за првиот квартал во 2014-та во просек предвидуваа 728 милиони евра приход и 58 милиони евра од оперативниот профит.

Оваа мултинационална компанија оценува дека валутниот ефект значително ќе ја намли оперативната и нето маржата за 2014-та година, додека приходите би требало да останат стабилни, со раст во втората половина од годината. Пред се тоа би требало да се случи благодарејќи на новата маркетинг кампања и договорот со британскиот фудбалски клуб Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП