„Twitter“ веќе некое време работи на „mute“ функцијата за да им помогне на корисниците подобро да го контролираат тоа што им се појавува внатре во нивните известувања или на нивниот „timeline“, а од сега таа и официјално е активирана.
Компанијата наведе дека оваа функција ќе стане официјален дел од „Twitter“ искуството и дека сите корисници ќе ја имаат во наредните неколку недели.
Со помош на „mute“ функцијата корисникот кого го следите нема да се појавува на вашиот „timeline“, но од него повеќе нема да добивате и други нотификации.
Тој корисник, исто така нема да знае дека сте го „исклучиле“ и тој и натаму ќе може да одговара и да ги „ретвитува“ вашите „твитови“.
За да „мутирате“ корисник потребно е да кликнете на „твитот“ од тој корисник и да влезете до „more“ менито за да можете да ја активирате функцијата „mutе“.
Исто така, можете да ја посетите неговата профилна слика и од таму да одберете „mute“.