3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕгзотичниот The Modern Honolulu Hotel (фото)

Егзотичниот The Modern Honolulu Hotel (фото)

hol1

Ако планирате егзотично патување на Хаваи, задолжително посетете го хотелот „The Modern Honolulu Hotel“.

Тој се наоѓа на само 15 минути од интернационалниот аеродром во Хонолулу, тој е лесно дoстапен и совршено сместен на еден од најубавите острови во светот – Оаху.

Хотелот е базиран на вистинскиот хавајски стил, сјаен шик, луксуз и шарм, како и ексклузивност. Сите 353 соби имаат неверојатни панорамски погледи на Ваикики, Пацификот и рајската порта.

Излезете на вашата приватна тераса и вежбајте пред утринското сонце на Хаваи, додека го гледате неверојатното пространство на Пацификот. Можете да позајмите и „iPad“ ако сакате некои додатоци во вашата забава, или едноставно можете да ја посетите прекрасната плажа, да се сончате и пливате. Ако повеќе ја сакате приватноста, посетете го хотелскиот базен „Sunrise“, кој е опкружен со палми, тука можете да уживате во прекрасните егзотични коктели.

Можете да им се препуштите на гастрономските авантури во самиот хотел, или да го посетите ексклузивниот спа центар кој се наоѓа во рамките на хотелот. Ваикики плажата е една од најпознатите плажи во светот, таа се наоѓа блиску до хотелот, а доколку сакате да одите во шопинг посетете  го центарот „ Ala Moana“ и прошетајте низ Калакауа авенијата.

Уживајте во фотографиите…

hol2

hol3

hol4

hol5

hol6

hol7

hol8

hol9

hol10

hol11

hol12

hol13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП