24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку алкохол конзумираат македонските граѓани?

Колку алкохол конзумираат македонските граѓани?

alko1

Македонските граѓани на возраст над 18 години просечно пијат по два литри вино и 0,9 литри ракија, објави Државниот завод за статистика пресметан врз основа на податоци од 2011 година.

Статистика, по повод празникот Свети Трифун на кој традиционално се закројуваат виновите лози, наведува дека над 20 илјади хектари во Македонија се насадени со винова лоза, а производството на вино во 2012 година изнесува 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектролитри вино во шишиња, објави Државниот завод за статистика по повод денешниот празник Свети Трифун на кој традиционално се закројуваат виновите лози.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза се во благ пораст, така што во 2009 година винова лоза била засадена на површина од 19.960 хектари, во 2010 година на површина од 20.033 хектари, а во 2011 година на површина од 20.164 хектари.

Кај производството во последните години забележлив е пораст кај производството на вино во шишиња кое се движи од  149.372 хектолитри во 2010 година, до 159.019 хектолитри во 2012 година. Според податоците од Статистичкиот деловен регистар, во Република Македонија работат 81 винарија, лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино.

Во 2012 година Република Македонија извезе 16.552.139 литри вино во шишиња во вредност од 16.877.350 евра и 98.608.953 литри наливно вино во вредност од 38.348.430 евра.

Во 2011 година, прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со 15,2 отсто во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува 246.889 илјади денари, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со 12,4 отсто и изнесува 200.595 илјади денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП