11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија и САД потпишаа договор против затајување данок

Швајцарија и САД потпишаа договор против затајување данок

dogovor1

Швајцарската Влада денеска го потпиша контроверзниот договор со САД, со кој се предвидува сите швајцарски банки да достават информации за сметките на американските граѓани.

Целта на овој договор е да ја поедностави примената на американските даночни прописи (ФАТЦА) во Швајцарија, кои, кога се појавија во март 2010 година, иницираа спор меѓу двете земји.

Договорот во Берн го потпишаа швајцарскиот државен секретар Мајкл Амбуељ, задолжен за финансиски и даночни прашања и американскиот амбасадор Доналд Бејер, но потребно е договорот да биде усвоени во швајцарскиот Парламент.

Швајцарија е една од седумте земји кои досега ги прифатија ФАТЦА прописите, според кои приходите и активите на сите американски граѓани можат да бидат оданочени од страна на американските даночни власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП