3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕasyJet забележа загуба помала од очекуваната

ЕasyJet забележа загуба помала од очекуваната

16746859885371e0b286595877075826_640x375

Британската авиокомпанија „еasyJet“ во првата половина од фискалната 2013/2014 година, завршена на крајот на март, забележа нето загуба помала од очекуваната.

Загубата на оваа авиокомпанија во овој период изнесуваше 53 милиони фунти (65 милиони евра) додека предвидениот износ беше 55 до 65 милиони фунти.

Овој резултат претставува подобрување од 13 проценти во однос на загубата од фискалната 2012/2013 година, се вели во соопштението на компанијата кое го пренесува Ројтерс.

Овој нискобуџетен авиопревозник, во март ја зголеми за 25 проценти својота прогноза за втората половина од годината, како резултат на претходно започнатата програма за контрола на трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП