3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот хотел Sandy Lane (фото)

Прекрасниот хотел Sandy Lane (фото)

karh1

Сместен во лежерните Кариби, „Sandy Lane“ е речиси чудо. Местото е прекрасно и екстралуксузно, тоа ќе ги задоволи сите ваши сетила.

Првото негово отворање во 1961 година беше голем успех од самиот почеток, а наскоро и еволуираше во луксузна алтернатива за „Round Hill“, Јамајка.

Иако е комплетна копија на оригиналниот хотел, денешниот изглед на „Sandy Lane“ е нешто сосема друго.

Во 1998 година, беше донесена одлука за уривање на целиот имот и повторна изградба, а се со цел да се обезбедат услугите и капацитетите, кои ги бараат модерните стандарди на луксузната побарувачка.

При обновата на овој познат хотел, секој трем, скали, ѕидови, симетрија, столбови, блескавата изградба од кремаст корален камен – секој детаљ од  карактеристиките на оригиналниот хотел е внимателно испочитуван.

Крајниот резултат е тотално модерен хотел одвнатре кој личи како да не е допрен од надвор. Хотелот е дури бесрамно луксузен. Фокусот е ставен на најразличните начини со кои можете да се разгалите.

Уживајте во глетката…

karh3

karh4

karh5

karh2

karh1

karh6

karh7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП