8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung испорача 10 милиони примероци од Galaxy S5 за 25 дена

Samsung испорача 10 милиони примероци од Galaxy S5 за 25 дена

glamgalaxy-s5group

Веќе е познато дека на компанијата не и треба многу време за да стигне до нов рекорд со секој нов уред, па така од моделот „Galaxy S5“ веќе се испорачани 10 милиони примероци и тоа за само 25 дена.

Ова е нов рекорд за јужнокорејската компанија која секоја година со нов смартфон поставува нов подобар резултат.

На моделите „Galaxy S“, „Galaxy SII“, „Galaxy SIII“ и „Galaxy S4“ им беа потребни 7 месеци, 5 месеци, 50 дена и 27 дена за да стигнат до оваа бројка.

Иако бројот на испорачани уреди не е ист со бројот на продадени примероци, но и натаму станува збор за импресивен рекорд.

„Galaxy S5“ во исто време беше лансиран во 125 земји ширум светот, а се чини дека компанијата одлично ја има разработено својата дистрибутивна мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП