6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba - синоним за кинескaта е-трговија

Alibaba – синоним за кинескaта е-трговија

alibaba

Веројатно најголемата јавна понуда на акции на берзата (IPO) во вредност од милијарда долари и сигурно најпознатата компанија во Кина, но „Alibaba.com“ е доста непозната компанија за остатокот на светот.

Кинескиот гигант за е-трговија работи веќе 15 години и според бројот на корисници (моментално околу 200 милиони) е пред конкурентите „eBay“ и „Amazon“, заедно. Од кога е основана од страна на професорот по англиски јазик Џек Ма во 1998-та година, растот на компанијата е експоненцијален, а го следи развојот на кинеската потрошувачка класа и нуди производи од „Nike“ патики, па до прескапи дијамати, кои неможат да се најдат во продавниците.

Компанијата „Alibaba“ ја сочинуваат две електронски продавници: „Taobao“, „C2C“ продажна интернет страна поради која „eBay“ нама никакви шанси во Кина и „Taobao Mall“ (или „Tmall“), копија на американскиот „Amazon“ кој им овозможува на кинеските купувачи да купуваат директно од брендовите. Заедно со „Juhuasuan“, копија на „Groupon“, овие сајтови остваруваат 80 проценти од вкупниот приход на компанијата.

alibaba 1

„Alibaba“ е најголемата компанија која се занимава со продажба преку Интернет во Кина и дневно има нарачки како „eBay“ и „Amazon“ заедно.

Западните брендови ги користат порталите на „Alibabа“ со цел да им ги продаваат своите производи на кинезите, но се досега компанијата официјално не се појави на американскиот пазар (освен како инвестиција во „Yahoo“).

Сепак, компанијата има и значаен број на мали брендови кои се во нејзина сопственост.

Ma (49) ја основаше својата компанија во својот стан по едно патување во САД каде видел како едноставно функционира продажбата преку интернет во Америка. Денес, поранешниот учител е еден од најпознатите личности во Кина. Тој пондесе оставка како „CEO“ во јануари 2013-та година, но и натаму поседува удел од 8.9 проценти во компанијата и остана нејзин духовен лидер.

alibaba 22

Кога од „Alibaba“ поднесоа проспект за „IPO“, Ma им испрати писмо на своите вработени за филозофијата на компанијата. Во однос на „Google“ – „Don’t be evil“, Ma наведува дека купувачот е секогаш пред акционерите.

На американскиот пазар, успехот на „Alibabа“ ќе зависи најмногу од мобилната технологија. Во четвртиот квартал од 2013-та година, скоро петина од сите купувања доаѓаа од мобилните уреди, а вкупниот удел на пазарот на електронската трговина во Кина изнесувал 76,2%.

Многу сериозна конкуренција на домашниот пазар „Alibaba“ има во „Tencent“, компанија која ја поседува „WeChat“ – мобилната платформа за разговори со преку 355 милиони корисици и одлични позиици на „PC“ и мобилните платформи за играње. „Tencent“ вложува многу пари во различни области, се со цел да биде конкурентен на „Alibabа“.

Најголем акционер во „Alibabа“ e „Yahoo“ кој поседува 40% удел во компанија, oткако компанијата на Мариса Мајер го купи уделот за сума од  7.1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП