12 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајлудите нештa што луѓето ги бараат на Google

Најлудите нештa што луѓето ги бараат на Google

search google

„Google“ одамна стана глобално најкористен извор на информации. Со оглед дека овој текст го читате на интернет, повеќе од веројатно е дека и самите „гуглате“ повеќе пати на ден, барајќи се повеќе информации, од рецепти и временска прогноза, па се до решенија на задачи од математика. Но, кои се најбизарните работи кои луѓето ги бараат на интернет?

За тоа се запраша австриската компанија „SearchFactory“ и дојде до многу интересни одговори.

„Google“ секој месец добива милиони бизарни прашања, од кои некои од нив се прилично вознемирувачки. Околку илјада луѓе месечно на „Google“ бараат совет како да се ослободат од мртво тело, а скоро двојно повеќе бараат одговор на прашањето како да убијат некого, а притоа да избегнат тешка казна затвор.

135.000 луѓе секој месец бараат голи фотографии од „Lady Gagа“, a дури 18.000 од нив во просек бараат одговор на прашањето дали таа е навистина машко.

Од целосно непознати причини, во просек повеќе од 40.000 луѓе секој месец прашува зошто се омажиле/ожениле со личноста со која се во брак. Навистина не знаеме што очекуваат да добијат како одговор на ова.

Повеќе од пет илјади луѓе бараат и одговор на прашањето „Како да имаат вонбрачна афера“?

Околку 18.000 луѓе секој месец ги интресира зошто машките имаат брадавици, повеќе од 60.000 деца на интернет прашуваат дали Дедо Мраз е вистински, а дури илјада му се обраќаат на „Google“ за совет како да го користат „Google“!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП