27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата во Чешка се уште се чувствува

Рецесијата во Чешка се уште се чувствува

cheshka

Рецесијата на чешката економија се чувствувала и минатата година, кога според последните податоци, е забележан пад од 1,1 проценти на годишно ниво.

Според, се уште неофицијалните податоци на Чешкиот завод за статистика, бруто домашниот производ (БДП) во последниот квартал на 2012 се намалил за 1,7 проценти.

Минатата година, поради малите инвестиции, слабо им одело на вработените во градежниот сектор, а влошени се и резултатите во земјоделството.

Според експертите, за севкупниот пад се „виновни“ домаќинствата кои штеделе.

Аналитичарот Михал Козуб од „Хоум кредит“ смета дека може да се очекува во втората половина на годинава да дојде до економски раст, доколку потрошувачите се оттргнат од летаргијата. Сепак тоа не може да се случи со голема брзина.

На економскиот раст влијае намалувањето на буџетските расходи, како и големата невработеност која годинава во Чешка има негативен тренд и изнесува 10,1 проценти.

Според Козуб, негативни резултати има и во индустриската област, додека раст е забележан во надворешната трговија, каде имало зголемување на извозот за 4,3 проценти повеќе од зголемувањето на увозот.

За економистите и тоа не е доволно за да ги надоместат намалувањата на трошоците во финалната потрошувачка на домаќинствата и на создавањето на фиксен капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП