20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинати 66.800 работни места во Франција

Укинати 66.800 работни места во Франција

pariz11

Економската криза во Франција резултираше со укинување на 66.800 работни места во текот на 2012 година.

Само во последниот лански квартал бројот на работните места, со исклучок на аграрниот сектор, е намален за 28.100, додека во третото тримесечие биле укинати 41.700 работни места.

Во четвртиот е регистрирано намалување на бројот на работни места за 2,7 отсто, а во претходното тримесечие за дури 5,7 проценти.

Според статистичките податоци, месечните плати во периодот октомври-декември 2012 се зголемиле за 0,2 проценти, со што за целата мината година примањата на вработените пораснале за 2,0 проценти.

Во исто време, во 2012 година стапката на инфлација изнесувала 1,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП