25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија забележа голем пад

Германската економија забележа голем пад

berlin1

Падот на германската економија кој беше поголем од очекуваниот, се толкува како јасен знак дека европската финансиска криза го зеде својот данок во најголемата економија во Европа.

Намалувањето во последните три месеци од 2012 година е последица на падот на извозот, бидејќи побарувачката од останатите европски земји кои исто така се во криза е значитело намалена, соопшти германскиот Завод за статистика.

Германија многу се потпира на извозот во другите европски земји, а бидејќи во последните години побарувачката на производи се намали во Шпанија, Италија, па дури и во Франција и Велика Британија, се намали и побарувачката за германските индустриски стоки со висок квалитет.

Повеќето економисти предвидоа дека падот во последниот квартал од минатата година ќе изнесува помеѓу 0,4 и 0,5 проценти.

Намалувањето од 0,6 проценти е најлошиот резултат на германската економија од 2009 година, кога светот беше погоден од кризата во банкарскиот сектор.

Германската економија во 2012 година се зголеми за само 0,7 проценти.

Постои надеж дека Германија во текот на оваа година ќе биде во подобра состојба. Бундес банката минатиот месец соопшти дека постојат знаци на заздравување и дека растот во текот на првиот квартал од 2013 ќе ја намали можноста земјата да влезе во рецесија, но тоа би се случило доколку економијата опаѓа два квартали по ред.

Германија е вториот најголем извозник во светот. Таа беше на првото место до 2009 година, кога на врвот се искачи Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП