28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПожар во фабриката на „Плива“ во Загреб

Пожар во фабриката на „Плива“ во Загреб

pozarplivazagreb5f4e64f

Пожар избувна претпладнево во фабриката за лекови „Плива“ во Загреб, објавија хрватските медиуми, нагласувајќи дека полицијата засега не соопштува никави детали за случајот.

Според медиумите, противпожарната служба тврди дека „состојбата е под контрола“, но граѓаните што живеат во околина на фабриката стравуваат дека е можно ослободување на штетни хемикалии во воздухот.

– Примивме повици од граѓани, но не добивме никаква информација од „Плива“. По дојавите, се обративме до одговрните (во фабриката), кои не информираа дека пожарот се санира, соопшти загребската противпожарна служба.

На фотографии, кои до медиумите ги испратиле локални жители, се гледа како од фабриката се крева густ црн чад, а видливи се и пламени јазици, објави интербнет изданието на „Вечерњи лист“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП