6 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се бара нафта во Црното Море

Ќе се бара нафта во Црното Море

naf1

Турската нафтена компанија ТПАО и холандско-британската „Шел“ денеска потпишаа спогодба за истражувања и сондажи за нафта во западниот дел на Црно море, пренесоа руските медиуми.

На потпишувањето на спогодбата присуствуваше турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.

Вредноста на потпишаниот документ изнесува не помалку од 150 милиони долари.

Годинава се планира „Шел“ и ТПАО да извршат пробна сондажа на најмалку еден длабоководен извор. Според резултатите ќе се оценуваат перспективите за барање нафта во регионот.

Јилдиз посочи дека за Турција се важни изворите од кои може да се добива по десет барели нафта во едно деноноќие. Во 2012 година ТПАО изврши сондажи на 57 извори, иако беа планирани сондажи само на 54. Во секој трет извор беше откриена нафта, иако не во големо количество во однос на нивото на потребите во Турција на црното злато и гас, рече Јилдиз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП