Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ минатиот месец забележа стагнација на продажбата на домашниот пазар, ова забавување може негативно да се одрази на кварталните резултати на компанијата.
Глобалната продажба во рестораните отворени најмалку 13 месеци во април порасна за 1,2 проценти на годишно ниво, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.
На Блискиот Исток, во Африка и азиско-пацифичкиот регион, продажбата е зголемена за 2,9 проценти, пред се благодарение на добрите резултати во Кина. Во Европа продажбата е зголемена за 0,3 проценти, со силното работење во Британија и Франција.
Компанијата се обидува да се прилагоди на промените во навиките за исхрана на потрошувачите, нудејќи им се повеќе здрави и свежи намирници.