9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција во економска стагнација

Франција во економска стагнација

france1

Бруто домашниот производ (БДП) на Франција во четвртиот квартал минатата година се намали за 0,3 проценти, соопшти францускиот Национален институт за статистика и економски студии.

Според Институтот, како што јави дописникот на МИА од Париз, лошите резултати од последниот квартал го сведоа вкупниот економски раст на Франција во 2012 година на нула проценти.

На почетокот на неделата, повеќе министри на француската Влада признаа дека Франција не ќе може да ја исполни обврската од европските договори за намалување на државниот дефицит под прагот од 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП