27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаложбите на Вип за супериорно корисничко искуство резултираат со успех

Заложбите на Вип за супериорно корисничко искуство резултираат со успех

vipoini

Во текот на првото тромесечје од 2014-тагодина Вип ја зголеми својата база на договорни претплатници за 13% споредено со истиот период минатата година. Договорните претплатници сега сочинуваат половина од корисничката база на Вип, што јасно ја отсликува довербата на корисниците и нивното задоволство од Вип. Следствено, пазарниот удел на Вип порасна до 28% во првиот квартал од 2014-тагод.

Приходите забележаа пад од 12% за првиот квартал од 2014, споредено со минатата година, како последица од пониските малопродажни цени и цените за интерконекција.

Заработката пред камати, оданочување, депресијација и амортизација – ЕБИТДА се подобри и изнесува 2.5 милиони евра, како резултат на поголемата ефикасност и пониските трошоци. Следствено, оперативната добивка е позитивна во споредба со негативниот износ од првиот квартал од 2013-та, што претставува предуслов за континуирани инвестиции на македонскиот пазар.

– Трендот на опаѓање во индустријата ја наметнува потребата за целосно свртување кон корисникот и стекнување на неговата доверба и задоволство преку обезбедување на супериорно корисничко искуство и посветеност кон ветувањето на Вип -“Повеќе за вас!”. Растот на нашата база на договорни претплатници е силен доказ за нашата долгорочна определба да го ставиме корисникот на прво место, нудејќи му најдобра вредност и да бидеме оператор кој нуди најдобро корисничко искуство на овој значително конкурентен пазар. Инвестициите на Вип во иновации наскоро ќе донесат нова брзина и нови возбудувања за нашите корисници со 4G LTE, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.

Денес, Телеком Австрија Групацијата, ги објави резултатите од првиот квартал на 2014г. Повеќе детали се достапни на веб страницата http://www.telekomaustria.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП