29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНишто ново - Реал e најскап клуб во светот, a Роналдо е...

Ништо ново – Реал e најскап клуб во светот, a Роналдо е најдобро платениот фудбалер

roni3

Влијателното американско списание „Форбс“ го објави својот годишен рејтинг на најплатените фудбалери на светот. На прво место во рангирањето е ѕвездата на шпанскиот клуб Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Според пресметките на весникот во 2013-та година Роналдо заработил 73 милиони долари. Од нив 49 милиони долари биле од плата и бонуси во клубот, а останатите 24 милиони долари се од рекламите за компаниите како „Најк“, „Самсунг“, „Таг Хојер“, „Флај Емирати“ и „Хербалајф“.

Во септември минатата година Роналдо потпиша со клубот нов петгодишен договор, според кој ќе добие рекордни 206 милиони долари. Во јануари тој ја доби „Златна топка“ – годишната награда за најдобар фудбалер на светот. На второ место на листата е рангиран напаѓачот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, кој минатата година заработил 65 милиони долари.

Договорот со клубот му донесе 42 милиони долари, а останатите се од рекламните договори со „Адидас“, „Самсунг“, „Пепси“, „Туркиш ерлајнс“ и „Хербалајф“. „Форбс“ истакнува дека во скоро време Меси ќе потпише со Барселона нов договор, а финансиските услови нема да отстапуваат на оние од договорот на Роналдо со Реал.

На третото место „Форбс“ го става шведскиот напаѓач за францускиот ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, кој заработил 30 милиони долари по договорот со клубот и 4 милиони од рекламите за „Најк“ и „Волво“.

„Скромните“ приходи на Ибрахимовиќ од рекламирање се резултат на тоа дека неговата репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првенство во Бразил. Меѓу првите пет највисокоплатениот фудбалери во светот се и напаѓачот на Барселона Нејмар со 28 милиони долари и напаѓачот на францускиот Монако, Радамел Фалкао – 26 милиони долари.

Минатогодишниот рејтинг на „Форбс“ се водеше од англичанецот Дејвид Бекам, следен од Роналдо и Меси на третото место.

„Форбс“ја објави и листа со најскапи фудбалски клубови на светот. Со збирот од повеќе вредности, како на играчите, инфраструктура и други средства, првото место го држи мадридски Реал, кој и минатата година беше на истата позиција. Во моментов тој се проценува на 3,44 милијарди долари. Следуваат Барселона со 3,2 милијарди долари, Манчестер Јунајтед со 2.82 милијарди долари, германски Баерн со 1.85 милијарди долари и англискиот Арсенал со 1,33 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП