21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален ризикот од излегување на Грција од еврозоната

Намален ризикот од излегување на Грција од еврозоната

savegr1

Ризикот дека Грција ќе биде принудена да ја напушти еврозоната значително е намален, изјави денеска гувернерот на грчката Централна банка, Јоргос Првопулос, повикувајќи се на одлучното спроведување на структурните реформи.

– Ризикот дека Грција ќе излезе од еврозоната е драстично намален, рече Првопулос.

Гувернерот повика на поагресивна имплементација на структурните реформи, на кои Атина е обврзана во замена за милијарди евра од пакетот помош од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

– Долга е листата на работи, кои треба да ги направиме, по прашањето за приватизацијата, реформите на пазарот на стоки и услуги, подобрувањето на механизмот на собирање даноци, кој е полн со слабости, рече тој.

Ревизорите на ЕУ, ЕЦБ и ММФ ќе се вратат во Атина подоцна овој месец за да проценат како напредуваат реформите. Од нивниот ивештај зависи дали на Грција ќе и биде исплатена следната транша помош во вредност од 2,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП