19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУредите од LG разговараат со вас преку смартфонот (видео)

Уредите од LG разговараат со вас преку смартфонот (видео)

lg smart uredi

Доколку сте осамени или моментално ниту еден од вашите пријатели не е „online“, „LG“ има решение и за таа ситуација. Сега ќе можете да разговарате со ладилникот, машината за перење или други апарати во домаќинството преку мобилниот телефон.

Решението кое им овозможува на апаратите за домаќинство да „разговараат“ со сопствениците, беше претставено уште минатата година, но од денеска е достапна и првата линија на уреди кои „зборуваат“.

Овие апарати прво ќе бидат достапни во Јужна Кореја, а доаѓаат со сервисот „HomeChat“ кој користи природна обработка на јазикот, со цел пораките со уредите да делуваат човечки.

Во пракса тоа значи дека корисиците можат да испраќаат текстуални пораки до уредите и да видат како е состојбата со перењето на алиштата, да побараат рецепти и слично. За разговорите да бидат уште поинтересни може да се испраќаат и „еmoticon“, слично како што е на „Facebook“.

Камерата во ладилникот може да ви испрати фотографија од тоа што се наоѓа во него за да знаете што треба да купите, а преку апликацијата може да го стартувате перењето на алиштата за да бидат готови кога ќе пристигнете дома. Откако ќе и кажете на рерната кое јадење сакате да го подготвувате, таа автоматски ќе се вклучи за да биде загреана кога ќе пристигнете.

Ладилникот исто така може да знае и на кои намирници наскоро им истекува рокот на употреба. Апликацијата ќе ги нуди некои од најчестите функции за секој уред, а ќе биде достапна во три режими на работа, додека сте на одмор, на пат до дома или додека сте дома.

По Кореја, „LG“ планира паметните уреди да ги понуди и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП