6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрај за Atlas Bank во Русија

Крај за Atlas Bank во Русија

rusijacentralbank41584

Централната банка на Руската Федерација и ја одзема лиценцата за работа на „Atlas Bank“ во Москва поради непочитување на законските процедури на државата.

Лиценцата е одземена и поради сомневање дека преку сомнителни трансакции се изнесени повеќе од десет милијарди рубљи.

„Atlas Bank“ на познатиот црногорски бизнисмен Душко Кнежевич од април 2008 година работеше во Русија.

Денес е објавено дека причината за одземање на лиценцата е дека „Atlas Bank“ не постапувала согласно законите во областа на борбата против легализацијата на приходите кои се добиени по криминален пат и преку финансирање на тероризам во смисла на обезбедување на навремени информации до надлежите органи за прашањата кои се предмет на задолжителна контрола.

„Покрај тоа, кредитната институција не преземала мерки со цел добивање на информации за намерата и целта на деловните односи со клиентите на банката“.

Од банката ги демантираа ваквите тврдења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП