29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузни кујни во британски стил (фото)

Луксузни кујни во британски стил (фото)

luksuz-kuhinja-dizajn (1)

Овие луксузни и елегантни кујни, кои се дело на „Clive Christian“, се омилените кујни во Велика Британија…

Компанијата „Clive Christian“ произведува луксузен мебел за домови во кои традицијата никогаш не згаснува, без оглед на модерните линии и материјали кои целосно започнаа да го заменуваат дрвото.Овие луксузни кујни се изработени исклучиво од полно дрво, а може да бидат испорачани во сите тонови и украси по желба.

Раскошните витрини кои служат за изложување на скапоцен порцелан се задолжителен дел од комплетот.

Колекциите се поделени на топли и ладни луксузни линии. Ладните се изработени од ореово дрво со детали од слонова коска и сребро, додека топлите варијанти подразбираат класичен мебел, изработен од дабово дрво, украсени со злато.

Луксузниот „Clive Christian“ мебел е безвременски мебел, дизајниран за секоја просторија. А кујните од овој производител може да чинат и повеќе од 100.000 фунти.

luksuz-kuhinja-dizajn (6)

luksuz-kuhinja-dizajn (5)

luksuz-kuhinja-dizajn (1)

luksuz-kuhinja-dizajn (4)

luksuz-kuhinja-dizajn (3)

luksuz-kuhinja-dizajn (2)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП