26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon забележа пад во профитот и производството

Exxon забележа пад во профитот и производството

exxon mobil09

Нето добивката на „Exxon Mobil“, најголемата американска нафтена компанија, забележа пад во првиот квартал од оваа година за 4 проценти во однос на истиот период од минатата година, додека производството е намалено за околу 6 проценти.

Оваа компанија објави дека нејзината нето добивка во изминатиот период изнесувала 9.1 милијарди долари, додека во првите три месеци од 2013-та изнесувала 9.5 милијарди.

Производството на најголемиот американски производител на нафта и плин забележа пад од 6.2 проценти или на 4.2 милиони барели дневно, но компанијата истакна дека повисоката цена на природниот плин го неутрализирала падот на производството во приходите.

И покрај падот во производството и добивката, резлутатите се подобри од оние кои беа предвидени од страна на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП