ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Златен велосипед од милион долари (фото)

velo2

Брендот „House of Solid Gold“ го креираше најскапиот велосипед во светот…

Наречен „Beverly Hills Edition“, овој велосипед прв е во серијата од 13 парчиња, а на него се изгравирани потписот на уметникот, датумот на производство и редниот број. Со него, исто така, доаѓа сертификат за автентичност.

Овој рачно изработен велосипед е прекриен со 24-каратно злато, а за негова изработка биле потребни 750 часа. Логото на компанијата „THGS“ е украсено со 600 црни дијаманти, кои вкупно тежат околу 6 карати и 500 златни сафири кои тежат 4,5 карати.

Седиштето е обложено со префинета чоколадно-кафена кожа од алигатор, додека пак, примамливо е и шишето за вода кое е декорирано со злато и со нагласени чоколадно-кафени детали.

Цената на овој неверојатен велосипед е милион долари.

velo1

velo3

velo4

velo5

velo6