4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо вториот квартал се очекува раст на пазарот на таблети

Во вториот квартал се очекува раст на пазарот на таблети

tableti rast 0

Според „DigiTimes Research“, во светот во текот на вториот квартал од оваа година ќе бидат испорачани 61,42 милиони таблети. Тоа е раст од 4,9% на месечно, т.е. 30,9% на годишно ниво.

Конкретно ќе бидат испорачани 13,5 милиони примероци на „iPad“, 24,62 милиони таблети на останатите производители и 23,3 милиони евтини таблети во „entry-level“ категоријата. Најмногу таблети ќе испорача компанијата „Apple“ (22%), втора ќе биде „Samsung“ со 20% испорачани таблети, а трет„Asus“ (со 6,3% испорачани таблети). Потоа следат „Lenovo“ (со 6,1%) и „Acer“ (со 1,7%).

Уредите кои ќе го користат оперативниот систем „Android“ ќе бидат на 58,9% од нив, а оние кои го имаат„iOS“ ќе бидат на 35.4% од уредите, додека таблетите во кои ќе биде„Windows“ се 5,7%.

Според големината на екранот, 7-инчните таблети ќе заземат удел од 21,7% во испораките, оние со 7,9-инчен екран удел од 15,4%. Екраните од 8 дo 8,9-инчи ќе бидат присутни на 18,4% од таблетите, а оние од 9 дo 9,9-инчи ќе имаат удел од 20,7%, т.е. оние од 10 дo 10,9% удел од 21,7%. Најголемиот таблет со дијагонала на екран која се движи од 11 инчи на пазарот ќе бидат присутни со 2,1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП