среда, 1 февруари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пораст на површините под грозје, расте и извозот на флаширано вино

Благ пораст на површините под грозје, расте и извозот на флаширано вино

vino11

Во Република Македонија, во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза се во благ пораст, соопшти Државниот завод за статистика по повод празнувањето на денот на лозарите, „Св. Трифун“.

Во 2009 година винова лоза била засадена на површина од 19.960 хектари, во 2010 година на површина од 20.033 хектари, а во 2011 година на површина од 20.164 хектари.

Производството на вино во 2012 година изнесуваше 780.769 хектолитри вино на точење и 159.019 хектолитри вино во шишиња. Во последниве години трендот на производство на вино во шишиња е во пораст и се движи од 149.372 хектолитри во 2010 година, до 159.019 хектолитри во 2012 година.

Според податоците од Статистичкиот деловен регистар, во Република Македонија работат 81 винарија, лоцирани претежно во Скопје, Кавадарци и Неготино.

Во 2012 година Република Македонија извезе 16.552.139 литри вино во шишиња во вредност од 16.877.350 евра и 98.608.953 литри наливно вино во вредност од 38.348.430 евра.

Во 2011 година, прометот на вино од свежо грозје во трговијата на мало учествува со 15,2 % во вкупниот промет на алкохолни пијалаци и изнесува 246.889 илјади денари, додека прометот на природна ракија во вкупниот промет на алкохолни пијалаци учествува со 12,4% и изнесува 200.595 илјади денари. Пресметано е дека во 2011 година македонските граѓани на возраст над 18 години просечно испиле по 2,0 л вино и 0,9 л ракија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП