4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger доби нова верзија

Facebook Messenger доби нова верзија

fb mess

И не само тоа што е апликација за разговори на најголемата друштвена мрежа во светот, сега таа поддржува додавање на сите видови содржини и тоа што е можно побргу. Новите функции засега можат да ги пробаат корисниците на оперативниот систем „iOS“, а верзијата за „Android“ ќе пристигне наскоро.

Во новата верзија за „iOS“, „Messenger“ овозможува размена на видео записи и побрза размена на фогографии меѓу контактите во групата. Накратко, се е на дофат на прстот.

Оваа апликација доби и нов интерфејс за пораки, па сега ќе видите еден низ на икони со чија помош може да вметнете содржини како гласовни пораки, фотографии, видеа…

Поедноставно е и превземањето на „emotiсonѕ“, така што можете сега да го сторите тоа за време на разговорот.

Верзијата за „Android“ ќе биде достапна во текот на оваа недела.

„Facebook“ неодамна објави дека „Messenger“ го користат 200 милиони луѓе ширум светот. Со новата верзија тие ќе се обидат да придобијат нови и да ги задржат корисниците на мобилните уреди.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП