ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кумановските фирми нема отстапувања од Законот за минимална плата

Во кумановските фирми нема отстапувања од Законот за минимална плата

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Куманово нема отстапувања од спроведувањето на Законот за минимална плата, е заклучокот по извршената контрола на фирмите од страна на Регионалниот синдикален совет од Куманово во соработка со претставници од државниот инспекторат за труд.

– Поминати се 20 фирми од Куманово кои вработуваат околу 2.000 работници. Во сите овие фирми каде што беше извршена контрола нема отстапување од спроведувањето на Законот за минимална плата, вели претседателот на регионалната синдикална организација, Миле Спасовски.

Од кумановскиот синдикат информираат дека посетиле фирми и од текстилната и од чевларската индустрија, кои иако влегуваат во групата мали и средни претпријатија, заеднички вработуваат голем број работници.

– Во синдикатот во изминатиов период ниту еден работник не побара помош околу исплата на минималната плата, рече Спасовски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП