3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрестижниот Keswick Spa ресорт (фото)

Престижниот Keswick Spa ресорт (фото)

ret1

„Keswick Hall“, луксузно одморалиште во местото по име Шарлотсвил во американската држава Вирџинија, во подножјето на планината Блу Риџ, ви нуди уникатен спа пакет…

„Keswick Hall“ ресортот е сместен во прекрасна вила, која се наоѓа во срцето на ловџискиот и винарскиот регион на Вирџинија, а ви нуди 48 соби и апартмани, тениски терени, два базени, луксузен спа и фитнес центар, како и неколку ресторани.

Во близина на овој престижен ресорт се наоѓа домот на Томас Џеферсон и Универзитетот Вирџинија, а сето тоа го опкружува прекрасна природа. Регионот е дом и на 25 винарии и пивари. Гостите во овој ресорт можат да уживаат во спектарот на луксузни погодности и активности, кои се совршено замислени за совршен одмор. Една од омилените активности на посетителите на ова место е, секако, загреаниот базен, од кој се нуди прекрасен поглед на имотот. Покрај тоа, тука е и затворениот базен, како и фитнес центарот со дневни програми. За љубителите на спортот, овој ресорт содржи тениски и голф терени, патеки за пешачење, стрелиште и место за одмот и риболов.

Нивниот прославен спа центар ви нуди премногу опции и третмани како што се масажи, третмани на тело, третмани на лице и некои од најновите техники кои се посветени на негата на кожата и убавината, како што е терапија со дождовница и масажа со врели камења.

ret2

ret3

ret4

ret5

ret6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП