25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална комора на СКМ за Вардарскиот плански регион

Регионална комора на СКМ за Вардарскиот плански регион

st1

Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, зафаќа 16,2 отсто од територијата на Република Македонија и е пример кон кој треба да тежнее целата држава бидејќи 53 отсто од БДП го создава во индустриската дејност. Овој регион 24 отсто од производството извезува, а има увоз само 6 до 8 отсто.

Ова го порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната конститутивна седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци која е 16-та регионална комора што функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија.

– Стопанската комора на Македонија нема да ги изневери вашите очекувања, им порача Азески на присутните на конститутивната седница.

Годинава Комората има нова определба – отворање можност за извоз на нови пазари покрај европскиот на кој се остварува дури 62 отсто од македонскиот извоз.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов истакна дека отворањето на Регионалната комора во Кавадарци била нескриена желба многу одамна за, како што рече, сами да си помогнат.

– Со отворањето на Комората како регион ќе можеме на многу подиректен начин да учествуваме во креирањето на стопанската политика. Сметам дека оваа Канцеларија ќе биде пример и за другите за децентрализација на коморското здружување, рече Панов.

На конститутивната седница едногласно за претседател на Управниот одбор на Регионалната комора во Кавадарци беше избран бизнисменот Митко Јанчев од „Кожувчанка“ – Кавадарци, а за потпретседатели Никола Наумов од „Градба проект“ и Славчо Јорданов од „ТИМ“ – Неготино. Во Регионалната комора, како што беше посочено, стопанствениците од Кавадарци ќе можат да ги добијат сите неопходни документи за извозно-увозно работење.

На денешната конститутивна седница на присутните им беше презентиран и Предлогот за донесување закон за поттикнување на инвестициите со кој Комората ќе и предложи на Владата да има стимулација за поттикнување на развојот на теритоирјата на целата држава преку даночни олеснувања и помош на фирмите кај кои е неопходно усовршување на вработените. Овој закон заедно со законот за гарантен фонд и законот за наплата на побарувањата до јуни годинава Комората ќе ги достави до Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП