28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКук најави влез во нови категории на производи

Кук најави влез во нови категории на производи

tim kuk kate

Kога првиот човек на најбогатата светска компанија во јавноста ќе излезе со нови информации, целиот свет му го анализира секој кажан збор, па ниту овој пат тоа не изостана.

Тим Кук оваа недела даде интервју за „Wall Street Journal“ во кое укажа на работењето на својата компанија, како и за некои од плановите за во иднина. Меѓутоа, тој говорел и за плановите за лансирање на производи во нови категории во кои „Apple“ се уште не е присутен.

Тој напомена дека на „Apple“ никогаш не им е целта во нешто да бидат први, туку да бидат најдобри, па поради тоа напорно работеле за на пазарот да претстават целосно функционален производ без мана.

На прашањето на новинарот колку се далеку од најавеното влегување во новата категорија на производи, Кук одговорил: „Сега сме поблиску отколку што бевме на крајот на јануари, вчера или пред десет минути“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП