19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимовски: За добивање земјоделски субвенции неопходно е да се исполнат конкретни услови...

Димовски: За добивање земјоделски субвенции неопходно е да се исполнат конкретни услови

ljupco1

Добра земјоделска пракса, повисок квалитет на производите, заштита на животната средина и оптимално користење на природните ресурси ќе бидат само некои од условите за добивање земјоделски субвенции во наредниот петгодишен период.

Како што рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, овие принципи дефинирани во најновата Програма 2013-2017, ќе се воведуваат постепено и најпрво ќе важат за одредени категории производители и за поголемите стопанства.

– Принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса како услов за стекнување право за користење финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Програмата, ќе се воведуваат постепено, најпрво како барања за основна земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса кои се полесни за спроведување за земјоделците, истакна Димовски на јавната расправа за Предлог-листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.

До 2017 година најмалку 25 отсто од износот на исплатената финансиска поддршка ќе биде условно поврзан со обезбедување на бараните основни и добри земјоделски пракси.

Според Димовски, барањата за основна и добра земјоделска пракса, како и за заштита на животната средина ќе бидат своевиден вовед и подготовка за воспоставувањето задолжителни стандарди во македонското земјоделство како основа за стекнување право за директни плаќања по влезот во ЕУ.

– Пред да го вршат ѓубрењето, земјоделците треба да спроведуваат задолжителни хемиски анализи на почвата најмалку еднаш во пет години, да исполнат одредени услови во делот на заштита на растенијата, точно да знаат кои хемиски средства ги користеле и од каде се купени, рече државниот секретар во Министерството Перица Иваноски, прецизирајќи на што конкретно се однесуваат пропишаните услови.

Битни компоненти, додаде, ќе бидат и одгледувањето на животните, справувањето со земјоделски отпад, како и искористувањето на обвновливите извори на енергија.

Учесниците на јавната расправа информираа дека следуваат активности за подготовка на промотивен материјал за примена и достигнување на принципите на добрата хигиенска пракса од страна на стопанствата и спроведување кампања со паралелни обуки на институциите вклучени во процесот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП