5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите Иран го чинеа 40 милијарди долари

Санкциите Иран го чинеа 40 милијарди долари

iran1

Санкциите кои Западот ги наметна на Иран, го намалија приходот од извозот на нафта за 40 милијарди долари во 2012 година, додека, производството на нафта во таа земја го достигна најниското ниво во последните три децении, соопшти Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

ИЕА, агенцијата за надзор на нафтениот сектор и политичките групации на ОЕЦД, соопшти дека иранското производство на нафта во јануари се намали на 2,65 милиони барели на ден, што претставува значителен пад од претходно забележаните 3,7 милиони барели на ден, пред да стапат на сила санкциите кои ги наложија САД и Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП