сабота, февруари 27, 2021
5 °c
Skopje
6 ° саб
5 ° нед
6 ° пон
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.58 0%    KMB 7,877.21 -3.89%    MPT 71,000.00 -2.74%    OHB 5,570.00 0%    OKTA 3,501.00 -2.75%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN19 99.50 0%    STB 1,251.04 -0.63%    STIL 58.00 0%    TETE 1,800.00 0%    TNB 19,944.22 -4.21%    TTK 1,406.83 -1.86%    UNI 2,522.00 -2.25%    
Почетна КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ

Кратки вести од светот

април 28, 2014
во категорија КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ
A A
Кратки вести од светот
2
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

najnovi-vesti1

Брисел – Бугарија и Европската комисија немаат ист став за иднината на проектот на „Газпром“, „Јужен поток“. Бугарскиот министер за енергетика Драгомир Стојнев по состанокот со европскиот комесар за енергетика Гинтер Ојтингер, рече дека реализацијата на „Јужен поток“ нема да биде запрена, отфрлувајќи ги повиците од Европскиот парламент за замрзнување на проектот.

Белград – Просечната нето плата во Србија исплатена во март изнесувала 43.452 динари (375 евра) и номинално е за 1,4 отсто помала од февруари, а реално за 1,1 отсто. Српскиот Републички завод за статистика соопшти дека во споредба со март 2013 година, просечната плата била поголема за 4,2 отсто, а реално за 1,9 отсто.

Белград – Растечкиот буџетски дефицит на Србија предизвика цела низа проблеми и новата Влада со итна краткорочна фискална консолидација мора да создаде услови за реформа на јавниот сектор, изјави претседателот на Сојузот на економистите на Србија, Александар Влаховиќ, истакнувајќи дека извозот е единствена светла точка на српското стопанство.

Белград – Фабриката „Симпо“ од Врање на Рашко-призренската Епархија и ги подари својот погон за производство на ламелиран мебел и пиланата во Зубин Поток. Тоа е направено со идеја на тој начин да се обнови неговото производство и продажните капацитети. Договорот за подарокот го потпишаа во Белград претседателот на „Симпо“, Драгомир Томиќ и епископот рашко-призренски Теодосије, во присуство на министерот задолжен за Косово и Метохија, Александар Вулин.

Подгорица – Црногорците на Кинезите како туристичка атракција можат да им го понудат синото небо над Црна Гора, смета црногорскиот амбасадор во Пекинг Бранко Перовиќ. – Поради големиот смог кој е присутен во текот на целата година, посебно во Пекинг, не знаат како изгледа небото. Затоа во туристичката понуда на Кинезите можеме да го вклучиме синото небо, исто како во песната „никаде небото не е сино како над Црна Гора“, вели Перовиќ. Зборувајќи за привлекување на кинески туристи, Перовиќ рече дека нив можеме да ги добиеме само како регион.

Подгорица – Матичните броеви на клиентите на црногорската „Комерцијална банка“ станаа броеви на нивните жиро сметки, пренесуваат подгоричките медиуми. Црногорската агенција за заштита на лични податоци предупреди дека најголемата банка во државата, со тоа го прекршува Законот за заштита на личните податоци. Со тоа што броевите на жиро сметките на физичките лица во банкате се нивните матични броеви на клиентите, според Агенцијата, тие се ставени на увид на јавноста, а со самото тоа и подложни на злоупотреба.

Загреб – Туристичката понуда на Хрватска за руските туристи е поскапа и од Грција, Шпанија и Италија, како конкурентски држави. Туристичките работници се загрижени бидејќи за туристите од Русија, Хрватска е поскапа од Шпанија за 12 отсто, од Грција за 18 отсто, а поевтина е дури и Италија за околу 5 отсто, пишува „Вечерњи лист“. Бидејќи минатата година Хрватска поради визите изгуби околу 50.000 руски туристи, во оваа година проблемот може да биде зголемен, а податоците покажуваат дека побарувачката на рускиот пазар за летување во Хрватска е помала за 30 отсто од лани и се проценува дека нивниот број оваа година може да биде помал за околу 10.000.

Љубљана – Словенечката премиерка Аленка Братушек соопшти дека Владата одлучила да ги продаде акциите на државата во „Телекомот“, за да овозможи негово преземање од најдобриот стратешки инвеститор по подобра цена, најавувајќи дека најголемата словенечка банка НЛБ, никогаш во целост нема да биде продадена, поради нејзината стратешка важност за државата. – Се одлучивме на продажба на целиот „Телеком Словенија“ за да добиеме што подобар стратешки партнер и што подобра цена, рече Братушек за неделникот „Младина“.

Њујорк – Бонитетната агенција „Фич“ ја зголеми прогнозата на кредитниот рејтинг на Италија, од негативна на стабилна, задржувајќи ја досегашната оценка БББ плус. Агенцијата го поздрави крајот на рецесијата во Италија, како и волјата на новиот премиер Марио Ренци за спроведување на неопходните реформи. „Фич“ смета дека условите за финансирање на Италија се подобрени, како и дека буџетските ризици во поглед на финансискиот сектор се намалени, бидејќи големите италијански банки го искористија подобрувањето на пазарните услови за да ги зајакнат сопствените фондови.

Париз – Бонитетната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Франција на ниво АА, како и стабилната прогноза за следните две години. Во извештајот на агенцијата се наведува дека јавниот долг на Франција во однос на БДП ќе остане висок и дека ќе расте до 2017 година. „Стандард и Пурс“ очекува дека француската Влада постепено ќе го намалува буџетскиот дефицит, како и дека и натаму ќе води политика чија цел е намалување на трошоците на работата и данокот.

Москва – Руската валута рубљата се стабилизираше, откако централната банка неочекувано ја зголеми референтната каматна стапка. Вредноста на рубљата во однос на доларот сега е 35,88 рубљи за долар, во споредба со нивото од 35,95 рубљи за долар, кој важеше пред одлуката на банката да ја зголеми референтната каматна стапка за 50 процентни поени на 7,5 отсто.

Каиро – Египет ќе се обиде да заштеди половина од парите кои ги троши на субвенции за купување на пченица, така што ќе воведе нов систем на паметно плаќање. Со тоа ќе обезбеди најевтиниот леб да оди кај луѓе на кои им е најпотребен. Оваа африканска земја е најголем светски увозник на пченица, чија цена ја формира меѓународниот пазар. Нередите во Украина влијаеа на зголемување на цените на оваа суровина последните неколку месеци.

Тагови: akciiberzabiznisdolariekonomijaevrakratkimilijardimilioniparislidesvetvestiакцииберзабизнисвестидолариевраекономијакраткимилијардимилионипарисвет
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Суарез е најдобар играч во Премиер лигата за сезонава

Следна Објава

Комбинираните вежби се идеални за совршено тело

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица
ЕКОНОМИЈА

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

февруари 26, 2021
125

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени...

Прочитај повеќе
iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

февруари 26, 2021
45

Популарниот јутубер Филип Корој (чиј канал се нарекува „Everything Apple Pro“) се здружи со Макс Вајнбах, познат по тоа што...

Прочитај повеќе
Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та
ЕКОНОМИЈА

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

февруари 26, 2021
61

Глобалните воени трошоци во текот на минатата година достигна нов рекорд, и покрај пандемијата на новиот коронавирус и тешката економска...

Прочитај повеќе
„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година
КОМПАНИИ

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

февруари 26, 2021
17

„Anheuser-Busch InBev“ предвидува „значително“ подобар профит за 2021-ва година, откако Бразил и Мексико и помогнаа на најголемата пиварница во светот...

Прочитај повеќе
Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та
ЕКОНОМИЈА

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

февруари 26, 2021
115

Меѓународната трговија продолжи на крајот на минатата година со нивоа на пред-пандемијата на коронавирусот, компензирајќи ја штетата предизвикана од ширењето...

Прочитај повеќе
Skoda откри детали за новата Fabia (ФОТО)
АВТОБИЗ

Skoda откри детали за новата Fabia (ФОТО)

февруари 26, 2021
81

Чешкиот производител „Skoda“ објави цела галерија на фотографии од камуфлиран прототип на новата „Fabia“, откривајќи ги техничките карактеристики и спецификациите...

Прочитај повеќе
АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда
ЕКОНОМИЈА

АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда

февруари 26, 2021
36

Падот на приходите на осигурителните компании за 5 отсто лани, трошоците за имплементација на повисоки стандарди за заштита на осигурениците...

Прочитај повеќе
Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска
СПОРТБИЗ

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Данска

февруари 26, 2021
109

Селекторот на ракометната репрезентација на македонија, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на играчи за претстојниот квалификациски дво-меч со светскиот...

Прочитај повеќе
Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта
ЕКОНОМИЈА

Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

февруари 26, 2021
196

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите...

Прочитај повеќе
Фаучи: Примете ја која било вакцина што ви е достапна
ЕКОНОМИЈА

„Фајзер“: Можеби ќе биде потребна трета доза, ќе мора да се вакцинираме секоја година

февруари 26, 2021
65

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина против Ковид-19 може дополнително да...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

февруари 26, 2021
iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

iPhone 13: Сè што знаеме досега (ВИДЕО)

февруари 26, 2021
Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

февруари 26, 2021
„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

„AB InBev“ очекува поголем профит за 2021-ва година

февруари 26, 2021
Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

февруари 26, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Летово роаминг исто како дома!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Народен лек кој ги уништува бактериите во желудникот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Дали Комерцијална банка ќе подели дивиденда и покрај забраната од страна на Народната банка?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021

февруари 26, 2021
1.8k
Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

февруари 26, 2021
245

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
185

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Комбинираните вежби се идеални за совршено тело

Комбинираните вежби се идеални за совршено тело

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани