среда, март 3, 2021
2 °c
Skopje
7 ° сре
7 ° чет
6 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

Почетна КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ

Кратки вести од светот

април 25, 2014
во категорија КРАТКИ ВЕСТИ СВЕТ
A A
Кратки вести од светот
1
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

najnovi-vesti1

Софија – Бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин  потенцира дека неговата земја ја поддржува изградба на „Јужен поток“, кој е во интерес на сите членки на ЕУ и државите низ кои оди трасата на гасоводот. Вигенин нагласи дека „Јужен поток“ гарантира поголема безбедност за набавката на гас и притоа додаде дека Бугарија воедно сака да ја премости големата зависност од руски гас. Тој додаде дека Бугарија е внимателна во соработката со Русија околу гасоводот „Јужен поток“, како и дека пристапува целосно и внимателно.

Нови Сад – Првата индонезиска фабрика во Европа ќе биде изградена во Инџија, во која ќе бидат инвестираат 11 милиони евра, пишува новосадски „Дневник“. Индонезискиот инвеститор „Индофуд“ ќе постави камен темелник за изградба на фабриката следниот месец, а во првата фаза на реализацијата на проектот ќе инвестира околу 11 милиони евра. Фабриката треба да почне да работи кон крајот на годината.

Белград – Швајцарско-српската стопанска комора ќе работи на јакнење на економските односи на двете земји, најавено е во Белград на претставувањето на оваа стопанска асоцијација. Комората е регистрирана во март 2014 година, а првиот состанок ќе се одржи во јуни. Еден од основачите на Швајцарско-српската стопанска комора, регионалниот директор на компанијата „Нестле адриатик“, Ансгар Борнеман, рече дека тоа здружение на стопанственици ќе пружи поддршка за одржливиот развој на Србија и ќе биде глас на стопанствениците.

Белград – Црниот пазар на тутун од октомври 2012 година, од буџетот на Србија „однесе“ 200 милиони евра, што е еднакво на инвестицијата во мостот Земун-Борча, тврди директорот за корпоративни работи и комуникации на компанијата ЈТИ за Западен Балкан, Горан Пекез, предупредувајќи дека цаквата трговија со тутун го намалува прометот на тутунската индустрија, која како што вели во последните 10 години во Србија инвестирала над 1,2 милијарди евра. Тутунската индустрија во Србија вработува директно 1,700, а индиректно уште 70.000 луѓе во малопродажбата, дистрибуцијата и на работи на одгледување на тутун.

Подгорица – Котор со минимална потрошувачка кошница во март од 926,35 евра и натаму е најскап град во Црна Гора. Според податоците на статистичката агенција Монстат, минималната потрошувачка кошница во Црна Гора во март изнесувала 797,90 евра. Со просечна плата од околу 480 евра, може да се покријат само 60,57 отсто на минималните трошоци на четиричлено семејство во Црна Гора, односно 51,81 отсто трошоци во Котор.

Загреб – Стапката на невработеност во Хрватска за март оваа година изнесуваше 22,3 отсто, објави хрватскиот Државен завод за статистика. Под влијание на сезонските движења, невработеноста е помала за 0,4 процентни поени во однос на февруари. Како што се наведува во соопштението на Заводот, се работи за стапка на регистрирана невработеност, која се пресметува како однос меѓу бројот на невработени и вкупното активно население, така февруарската стапка од 22,7 отсто воедно била највисока во последните 12 години, т.е. од мај 2002 година.

Загреб – Просечната месечна исплатена нето плата во Хрватска за февруари оваа година изнесуваше 5.427 куни (712 евра). Како што покажуваат првите податоци кои ги објави хрватскиот Државен завод за статистика, таа е за 126 куни или номинално за околу 2,3 отсто помала од просечната нето плата во јануари оваа година, кога изнесувала 5.553 куни. Просечната нето плата за февруари оваа година е нешто помала и на годишно ниво, во однос на февруари 2013 година, за 20 куни или 0,3 отсто.

Дубровник – Вкупно 21 компанија кои работат во регионот потпишаа повелба за соработка со која се обврзуваат дека во следниот период ќе вработуваат млади. Повелбата е потпишана во Дубровник на Меѓународната конференција „ХТ Бизнис Арена 2014“, која по 12-ти пат ја организира „Инфоарена“. – Најголемите компании ја прифатија оваа иницијатива и дадоа ветување дека во следните три години ќе работат на тоа со заеднички сили, низ заеднички програми за вработување и едукација, рече по потпишувањето програмската директорка на Конференцијата и сопственичка на компанијата „Тагорас“, Кармен Мајетиќ-Павиќ.

Виена – Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, по маратонските преговори со австриската Влада, постигна договор за преземање на ефективна контрола над „Телеком Австрија“. По потпишување на акционерскиот договор со австрискиот државен холдинг „Оел АГ“, со кој двата партнери заедно стекнаа мнозински удел во „Телеком Австрија“, компанијата на Слим „Америка Мобајл“, соопшти дека за купување на преостанатиот удел во австриската компанија ќе понуди 7,15 евра по акција.

Прага – Унгарската енергетслка компанија МОЛ од италијанската ЕНИ ќе преземе 124 бензински станици во Чешка, пишува чешкиот дневен весник „Хосподарске новини“, повикувајќи се на неименувани извори. Според весникот, за наведените бензински станици МОЛ нема да плати во готово, туку ќе ги замени за својата рафинерија во италијанскиот град Мантова, како и за уште некои бензински станици во Италија. Благодарение на тој договор, МОЛ ќе има 273 бензински станици во Чешка, со што ќе стане втор најголем петрохемиски ланец на чешкиот пазар.

Москва – „Газпром“ на „Нафтогаз Украина“ и предаде сметка за непреземен гас за 2013 година од 11,38 милијарди долари, соопшти заменик-директорот на „Газпром“ Александар Медведев. Според условите на договорот, „Нафтогаз“ лани требаше да преземе 41,6 милијарди кубни метри руски гас, а презел само 12,9 милијарди кубни метри. – Долгот за 2012 година изнесува 7,1 милијарда долари, а за 2013 – 11,4 милијарди долари, прецизираше Медведев.

Купертино – Нето профитот на „Епл“ во вториот квартал на тековната фискална година, што лани почна во октомври, е зголемен за седум отсто на годишно ниво и достигна 10,22 милијарди долари. Компанијата соопшти дека приходите во периодот јануари-март 2014 достигнале 45,65 милијарди долари, што е за 4,7 отсто повеќе од вториот квартал во минатата фискална година. Обемот на продажбата на смартфонот „Ајфон“ пораснал за 17 отсто на 43,7 милиони парчиња.

Хавана – Американската агенција „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Куба за еден степен, наведувајќи ја како причина за тоа, преголемата зависност на карипскиот остров од евтина нафта од Венецуела. „Мудис“ како ризик ја наведува и опасноста од нагла и бурна политичка транзиција на Куба. Со тој потег рејтингот на Куба е намален на оценка Цаа2 од Цаа1, односно уште подлабоко во неинвестициско ниво, со стабилна прогноза на рејтингот.

Тагови: akciiberzabiznisekonomijaevrakratkimilijardimilioniparisvetvestiбизнисвестидолариевраекономијакраткимилијардимилионипарисвет
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Samsung Galaxy Beam 2

Следна Објава

Најексклузивниот Roberto Cavalli парфем (фото)

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!
ЕКОНОМИЈА

Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!

март 3, 2021
14

Помалку од две недели останаа за сметководителите да ги достават до Управата за јавни приходи Годишните заврши сметки на компаниите....

Прочитај повеќе
Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес
ЕКОНОМИЈА

Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

март 3, 2021
46

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди централна Хрватска во 5 часот и 37 минути. Епицентарот бил на шест...

Прочитај повеќе
Сончево време со температура до 18 степени
ЕКОНОМИЈА

Сончево време со температура до 18 степени

март 3, 2021
22

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5...

Прочитај повеќе
Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?
ЕКОНОМИЈА

Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?

март 3, 2021
209

Освен биткоинот, кој е најпознат, има и голем број други криптовалути, па се поставува прашањето дали има воопшто смисла и...

Прочитај повеќе
Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!
СПОРТБИЗ

Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!

март 3, 2021
102

Јувентус се доближи на седум поени разлика од првото место на Интер, откако потешко од очекувањата со 3:0 ја совлада...

Прочитај повеќе
Иванишевиќ: Новак е опасен за Западот, затоа не го сакаат
СПОРТБИЗ

Иванишевиќ: Новак е опасен за Западот, затоа не го сакаат

март 3, 2021
217

Тренерот на светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ се врати дома и даде интересно интервју во...

Прочитај повеќе
Златан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува
СПОРТБИЗ

Златан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува

март 3, 2021
90

Златан Ибрахимовиќ го повтори своето мислење дека спортистите треба да се држат подалеку од политиката и покрај тоа што Леброн...

Прочитај повеќе
Комбинација која ублажува анемија, чир, импотенција…
ЗДРАВЈЕ

Комбинација која ублажува анемија, чир, импотенција…

март 3, 2021
67

Комбинацијата од мед и ореви на нашиот организам му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти, јаглени хидрати и...

Прочитај повеќе
Дневен хороскоп 03.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
679

Овен (21.03 – 20.04) Можеби ќе бидете разочарани од колегите со кои имавте најблизок контакт и максимална доверба. Љубовната ситуација...

Прочитај повеќе
Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)
ТЕХНОЛОГИЈА

Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

март 2, 2021
746

За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, кој треба да има ресторани, кина и сместување...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!

Инаетот на државата кон сметководителите ќе ја искриви сликата за целата економија!

март 3, 2021
Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

март 3, 2021
Сончево време со температура до 18 степени

Сончево време со температура до 18 степени

март 3, 2021
Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?

Во моментов има 7.800 криптовалути, колку ќе преживеат од нив?

март 3, 2021
Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!

Јуве ја помина Специја, Роналдо стигна до својот 20-ти гол оваа сезона!

март 3, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

    Нова опасност: Првпат забележан вселенски ураган 1.000 километри над Северниот пол

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Наскоро ќе започне изградбата на првиот хотел во вселената, погледнете како треба да изгледа(ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ја критикуваа бидејќи е премногу фотошопирана, а сега поради бикинито во кое едвај ги воздржа облините, ја креваат до небо!(ФОТО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобрите чаеви за слабеење

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Американски експерти: Новите видови коронавирус го носат четвртиот бран во Америка, заканата е вистинска

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 03.03.2021

март 3, 2021
679
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
3.4k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
685

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Најексклузивниот Roberto Cavalli парфем (фото)

Најексклузивниот Roberto Cavalli парфем (фото)

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани