18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВатикан: Повторно валидни кредитните картички

Ватикан: Повторно валидни кредитните картички

vatikan1

Плаќањето со кредитни картички во Ватикан е повторно дозволено, по прекинот од шест месеци, објави портпаролот Федерико Ломбарди.

Италија ги блокираше кредитните и дебитните картички во Ватикан, поради недостатокот на транспарентност во финансиските трансакции.

Италијанската централна банка ја одзема дозволата на „Дојче банк Италија“, која на Ватикан му овозможуваше услуги за електронско плаќање, бидејќи оцени дека „Светата столица“ нема систем за спречување на перење пари.

„Услугата за плаќање со кредитни и дебитни картички е повторно активна во Ватикан“, изјави Ломбарди на конференцијата за новинарите.

Верниците и туристите со овие средства повторно можат да ги плаќаат сите услуги во Ватикан, вклучувајќи го и влезот во музеите во Ватикан.

Отецот Ломбарди изјави дека „услугите ги обезбедува швајцарската компанија „ Aduno S.A“, која има големо искуство на европскиот пазар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП