24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Велика Британија би можела да остане без совршениот рејтинг

И Велика Британија би можела да остане без совршениот рејтинг

Рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s“ ја намали прогнозата за совршениот кредитен рејтинг ААА на Обединетото кралство од стабилна на негативна прогноза, поради ризикот од забавувањето на економскиот раст.

Во таа агенција се проценува дека постојат 30 проценти Британија да го загуби својот совршен кредитен рејтинг, што ќе биде непријатно за министерот за финансии Џорџ Озборн, кој се здоби со репутација за зајакнување на јавните финансии на Велика Британија.

„Ревизијата на прогнозата го одразува нашето мислење дека би можеле да го намалиме кредитниот рејтинг на Британија во наредните две години, ако фискалната изведба се влоши повеќе од тоа што очекуваме. Веруваме дека до тоа може да дојде поради задоцнетото и ненавремено економско закрепнување или поради слабеењето на политичката посветеност во консолидацијата на ситуацијата“, се наведува во соопштението на „S&P“.

Другите две меѓународни кредитни агенции „Moody’s“ и„Fitch“ – веќе претходно ја намалија проценката на кредитниот рејтинг на Британија на негативна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП