28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever малку над очекувањата

Unilever малку над очекувањата

Unilever-Singapore-4

Британско-холандската компанија „Unilever“, една од лидерите во секторот на стока за широка потрошувачка, во првиот квартал забележа подобар резултат од очекуваниот.

Како што беше соопштено од компанијата, приходите од продажбата на овој најголем светски производител на сладоледи и чаеви, но и сопственик на познати козметички брендови, во првиот квартал изнесувале 11.4 милијарди евра со пад од 6.3 проценти на годишно ниво, но ефектот на курсевите ги намалил приходите за 8.9 проценти.

Кога ќе се исклучи неповолното влијание на курсевите, приходите забележале раст од 3.6 проценти, што е над просечното очекување на финансиските експерти од 3.3 проценти.

Продажбата на пазарите во развој се зголеми за 6.6 проценти, што е помалку од четвртиот квартал во минатата година (8.4 проценти), но секако над пазарниот раст за тој регион кој изнесуваше околу 5 проценти.

„Unilever“ ја потврди својата цел за раст во тековната година, предвидувајќи поголема продажба.

Kaко што веќе беше објавено во јануари, приходите на „Unilever“ би требало да пораснат од три до пет проценти во 2014-та, додека очекуваниот пазарен раст е три проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП