3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлични резултати за Novartis

Одлични резултати за Novartis

novnovartis

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Novartis“ во првиот квартал од 2014 година оствари стабилен нето профит во однос на истиот период минатата година.

Тој изнесуваше 3,21 милијарди долари (2,83 милијарди франци).

Приходите од продажбата се зголемени за еден процент на 14,02 милијарди долари, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Девизните курсеви имаа негативно влијание на приходите (-2,0 проценти), особено поради слабоста на јапонскиот јен и падот на вредноста на валутите на некои земји во развој.

На оперативно ниво, профитот се зголеми за 22 проценти благодарение на вонредниот приход од продажбата на центарот за дијагностика и трансфузија на шпанската компанија „Grifols“ за 1,7 милијарди долари.

Генералниот директор на „Novartis“ Џо Хименес, изјави дека неговата компанија имала одличен квартален резултат, како и дека е забележан голем напредок во иновациите.

Компанијата ги потврди прогнозите за 2014 година, очекувајќи едноцифрен раст на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП