„Bentley Motors“ ја претстави својата нова комплетна „Bentley Home“ луксузна колекција.
Оваа колекција e дизајнирана во соработка со „Luxury Living Group“, еден од водечките европски производители на мебел. Целата колекција, како и досега, е инспирирана од прекрасните материјали, беспрекорниот луксуз, гламурот и стилот.
Елегантна, префинета и гамурозна, „Bentley Home“ креира ексклузивна атмосфера во секој дом, благодарение на непогрешливиот стил, високата професионалност, беспрекорниот квалитет и луксузноста која ја шири овој бренд во светот.
За изработка на мебелот се употребени најквалитетните парчиња на кожа во светот, префинети материјали, елементи и детали кои ќе ви го подарат комфорот во секоја смисла на зборот.