2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСивус го проширува бизнисот во Македонија

Сивус го проширува бизнисот во Македонија

seavus-big-logo

Најголемата софтверска компанија во Македонија Seavus продолжува да го шири својот бизнис во Македонија и преку развојот на ИТ индустријата во државата најави можност за околу 400 нови вработувања.

– Како следен чекор, Сивус таргетираше уште осум градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри. Станува збор за Гостивар, Тетово, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Радовиш, Делчево и Пробиштип. Со ова Seavus се вбројува во една од ретките компании во државата кои придонесуваат кон развојот на помалите градови, инвестирајќи во развојот на домашните ИТ специјалисти низ целата земја, истакнуваат од компанијата.

На почетокот од годинава, Сивус отвори канцеларија во Охрид, а веќе три години успешно функционира и канцеларијата во Битола.

Оваа иницијатива е дел од стратегијата за експанзија на компанијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа во кој веќе функционираат канцелариите во Белград, Ниш и Крагуевац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП