4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСупер-јахтата Belle Anna (фото)

Супер-јахтата Belle Anna (фото)

belle1

„Belle Anna“ е третата супер-јахта, во полуприлагодената серија „500“ на италијанското бродоградилиште „ISA Yachts“…

Оваа јахта, со должина од 50 метри, има елегантен и спортски облик, поради кој има многу интересен изглед. Како се приближувате до оваа јахта, таа ви станува се поубава и поубава. Оваа јахта е многу пространа, има прекрасна гостопримлива палуба која само делумно го нагласува она што вас ве очекува во ентериерот. Удобност, пространост и луксуз се главните елементи на нејзиниот ентериер, кој го краси многу елегантен амбиент.

„Belle Anna“ јахтата е доволно пространа удобно да смести 12 гости во пет луксузни апартмани, покрај „master“ апартманот кој се наоѓа на главната палуба. Тој е, секако, најимпресивен од сите простори кои ќе ги видиме на оваа јахта. Резервиран исклучително за сопствениците на оваа јахта, ексклузивниот „master“ апартман има традиционални луксузни елементи, како што се мермер и оникс, најмодерни погодности и високо квалитетни опции за уживање и релаксирање.

Покрај ентериерот на оваа луксузна јахта, не треба да го заборавиме и екстериерот. Просторите кои го прават екстериерот на оваа јахта се навистина прекрасни за уживање во сонцето, пијалоците или во самиот поглед на величенственото водено пространство. Поради својот дистинктивен изглед, луксузниот ентериер и генијално уредениот екстериер, „Belle Anna“ супер-јахтата е многу посакувана.

belle2

belle3

belle4

belle5

belle6

belle7

belle8

belle9

belle10

belle11

belle12

belle13

belle14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП